Државните институции минатиот месец заштедиле 18 отсто струја, вели Бектеши

Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.