Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните, велат од СДСМ
„Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2-ри Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ мора вистински да се реформира, да се надмине себеси и деструктивниот начин на однесување и конечно да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.
Одбележувањето на 2-ри август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност.
ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија“, се вели во сопшението.