ДСП „Обединети работници“ ги поддржува најавените протести на лицата со хендикеп

Лицата со хендикеп се една од групите во нашето општество која што често се користи за добивање на поени пред секои избори од страна на политичките партии, но години наназад не добива никаква реална помош. Доста е со таквиот игнорантски однос – време е да се чуе нивниот глас, се вели во соопштението на ДСП „Обединети работници“.

„Лицата со хендикеп не бараат ништо повеќе од она што ги следува, односно за нив е од значење само правилното и правичното спроведување на законите, со што би се подобрило нивното секојдневие и би им се овозможил далеку поголем квалитет на живеење. ДСП „Обединети работници“ дава целосна и безрезервна поддршка на лицата со хендикеп кои што ќе бидат обединети на протести организирани во период од 20.07.2021 до 30.07.2021 година, пред Владата на Република Македонија“, велат од друштвото.

„ Да не дозволиме овие искрени борци да ја војуваат борбата сами, да дадеме свој придонес сите ние и да присуствуваме рамо до рамо со нив! Нивната борба е и наша борба! Време е за обединување“, посочуваат тие.