Дуда ги повика членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на три отсто од БДП

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, денеска ги повика другите членки на НАТО алијансата да ги зголемат своите национални одбранбени распределби од сегашните два до три проценти од бруто домашниот производ (БДП), бидејќи Русија се префрли на „воена економија“ и продолжува да води војна против Украина.

Дуда ова го изјави во Варшава, во пресрет на утрешната посета на Белата куќа, каде заедно со полскиот премиер Доналд Туск треба да се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Руските империјалистички амбиции и агресивниот ревизионизам ја туркаат Москва кон директен конфликт со НАТО, со Западот и пред се, со целиот слободен свет“, напиша Дуда во „Вашингтон пост“.

Уште впВо 2014 година членките на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од БДП.