Дуелот Бразил – Боливија ја отвора Копа Америка (историјат)

Со натпреварот меѓу Бразил и Боливија ноќта кон саботата, во 2,30 часот по македонско време, започнува 46-то издание на фудбалското првенство на Јужна Америка, најстарото фудбалско меѓународно натпреварување на светот.

Годинешното издаение на Копа Америка се одржува од 14-ти јуни до 7-ми јули во пет бразилски градови. Тоа ќе биде петти пат Копа да се одржува во Бразил, а годинава се одбележува 100-годишнината од првата бразилска победа на континенталното првенство.

Шампионската титула на последните две првенства на Јужна Америка ги освои Чиле, а рекордер на Копа Америка е Уругвај со 15 наслови. Чиле своите единствени две титули, во 2015 и 2016 година ги освои речиси на идентичен начин, со победа во финалето против Аргентина со подоброто изведување на единаесеттерците откако двата натпревара завршија без голови. Во финалето во 2015-та во Сантијаго, Чиле пред своите навивачи славеше со 4:1 по пенал-серијата, а една година подоцна во финалето играно во Ист Рутерфорд беше 4:2 за Чиле.

Досега осум репрезентации ја освојуваа титулата првак на Јужна Америка. Рекордер е Уругвај со 15 титули, Аргентина има една титула помалку, додека Бразил осум пати бил шампион.

На Копа досега настапија и девет гостински репрезентации: Австралија, Костарика, Хаити, Хондурас, Јамајка, Мексико, Панама. Годинава ним ќе им се придружи Катар. Досега најдалеку стаса Мексико кој двапати играше во финалето, во 1993-та и 2001-та, но и двата пати беше поразен. Мексико има и три трети места.

Повеќето фудбалски стручњаци како фаворити ги гледаат домаќините кои сакаат да го попрват впечатокот по катрастрофалниот настап на последната Копа во 2016 година, кога не ја минаа групата. Бразил беше тогаш само трет, зад Перу и Еквадор. Челниците на сојузот уште на летот за дома му врачија отказ на селекторот Дунга и „Селекао“ ја презема Тите.

Бразил последната од своите осум титули ја освои пред 12 години, што во земјата на петкратните светски прваци го смета за катастрофа. И овојпат сѐ освен титулата ќе се смета за неуспех. Особено по неуспехот на светското првенство во Русија лани и поразот од Белгија (1:2) во четвртфиналето. Бразилската јавност не ја засега фактот дека селекцијата ќе биде ослабена поради неиграњето на првата ѕвезда Нејмар, кој отпадна од составот поради повред на зглобот.

Но веројатно поголем притисок трпи аргентискиот фудбалски волшебник Лионел Меси, кој со Барселона освои сѐ што може да се освои, но со селекцијата на Аргентина сѐ уште нема ниеден голем резултат. Трипати беше блиску, но трипати „Гаучосите“ под водство на Меси беа втори. На светското првенство во 2016-та и на последните две јужноамерикански првенства. Аргентинските медиуми сметаат дека ова е последната шанса на Меси за освојување злато во репрезентативниот дрес. Од таму доаѓаат и вестите дека Меси е максимално сериозен и мотивиран да ги израдува сонародниците.

Со 15-те титули Уругвај е најуспешната селекција во историјата на Копа, но како и Бразил, не успеа да ја мине групната фаза на последниот турнир. На мундијалот во Русија лани, пак, беа запрени во четврфиналето од подоцнежниот светски првак Франција. Оскар Табарез веќе 12 години ја води селекцијата и се надева на реприза од 2011-та кога Уругвај ја освои својата последна титула. За Табарес главната вест е враќањето на Луис Суарез кој закрепна по операцијата на коленото.

На голем резултат се надева и Колумбија којашто во Русија беше елиминирана во осминафиналето од Англија по пенал-рулетот. На последното континентално натпреварување беше трета, а шампионската титула ја чека од 2001 година. Репрезентацијата од јануари годинава ја води Карлос Квеироз, кој ја презема клупата по шестгодишниот мандат на Хозе Пекерман.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

ГРУПА А (Бразил, Боливија, Венецуела, Перу)

Прв круг:
14 јуни, Сао Паоло
Бразил – Боливија

15 јуни, Порто Алегре:
Венецуела – Перу

Втор круг,
18 јуни, Порто Алегре
Боливија – Перу

18 јуни, Рио де Жанеиро:
Бразил – Венецуела

Трет круг:
22 јуни, Салвадор
Перу – Бразил

22 јуни, Сао Паоло:
Боливија – Венецуела

 

ГРУПА Б (Аргентина, Колумбија, Парагвај, Катар)

Прв круг:
15 јуни, Салвадор:
Аргентина – Колумбија

Јуни 16, Рио де Жанеиро:
Парагвај – Катар

Втор круг:
19 јуни, Сао Паоло:
Колумбија – Катар

19 јуни, Бело Хоризонте:
Аргентина – Парагвај

Трет круг:
23 јуни, Порто Алегре
Катар – Аргентина

23 јуни, Салвадор:
Колумбија – Парагвај

 

ГРУПА Ц (Уругвај, Еквадор, Јапонија, Чиле)

Прв круг:
16 јуни, Бело Хоризонте
Уругвај – Еквадор

17 јуни, Сао Паоло:
Јапонија – Чиле

Втор круг:
20 јуни, Порто Алегре
Уругвај – Јапонија

21 јуни, Салвадор:
Еквадор – Чиле

Трет круг:
24 јуни, Рио де Жанеиро:
Чиле – Уругвај

24 јуни, Бело Хоризонте:
Еквадор – Јапонија

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

27 јуни, Порто Алегре:
А1 – третопласиран Б или Ц

Јуни 28, Рио де Жанеиро:
А2 – Б2

28 јуни, Сао Паоло
Б1 – Ц2

29 јуни, Салвадор
C1 – трет А или Б

ПОЛУФИНАЛЕ
2 јули, Бело Херизонте
A1  – трет B или C – A2 / B2

3 јули, Порто Алегре

Б1 / Ц2 – С1 / 3 место А или Б

ЗА 3 МЕСТО
6 јули, Сао Паоло

ФИНАЛЕ
7 јули, Рио де Жанеиро

 

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПРВАЦИ

1916 Уругвај
1917 Уругвај
1919 Бразил
1920 Уругвај
1921 Аргентина
1922 Бразил
1923 Уругвај
1924 Уругвај
1925 Аргентина
1926 Уругвај
1927 Аргентина
1929 Аргентина
1935 Уругвај
1937 Аргентина
1939 Перу
1941 Аргентина
1942 Уругвај
1945 Аргентина
1946 Аргентина
1947 Аргентина
1949 Бразил
1953 Парагвај
1955 Аргентина
1956 Уругвај
1957 Аргентина
1959 Аргентина
1959 Уругвај
1963 Боливија
1967 Уругвај
1975 Перу
1979 Парагвај
1983 Уругвај
1987 Уругвај
1989 Бразил
1991 Аргентина
1993 Аргентина
1995 Уругвај
1997 Бразил
1999 Бразил
2001 Колумбија
2004 Бразил
2007 Бразил
2011 Уругвај
2015 Чиле
2016 Чиле
2019?

ОСВОЈУВАЧИ НА ТИТУЛАТА:

Досега осум репрезентации ја освојува титулата шампион на Јужна Америка: Рекордер е Уругвај со 15 титули, Аргентина има една помалку, а Бразил има осум титули.

Најмногу финални натпревари идиграла Аргентина, 28 од кои во 14 победила и во 14 загубила. Уругвај има 21 финале, 15 победи и 6 порази, а Бразил играл 19 финални дуели, 8 победи и 11 победи.

Најмногу медали имаат Аргентинците, вкупно 32, по 14 златни и сребрени и 4 бронзи. Уругвај, пак, е рекордер и по бројот на пласман меѓу четирите најдобри селекции, дури 35. Аргентина е втора со 34 пласмани меѓу Топ 4, а следат Бразил со 29, Парагвај со 22 и Чиле со 21 пласман.

15 – Уругвај
14 – Аргентина
8 – Бразил
2 – Парагвај, Чиле, Перу
1 – Колумбија, Боливија

ДОМАЌИНИ

10 – Аргентина
7 – Уругвај, Чиле
6 – Перу
5 – Бразил
4 – Еквадор
2 – Боливија, Колумбија
1 – Парагвај, Венецуела, САД.

ГОЛГЕТЕРИ НА КОПА АМЕРИКА

Бразилецот Зизињо и Аргентинецот Норберто Мендес се рекордери со по 17 погодоци. Зизињо со „Кариоките“ освоил една тутула, во 1949 година, и уште четири втори места. Исто така, има и сребро од мундијалот од 1950 година. Одличниот Аргентинец Норберто Доротео Мендес, пак, има освоени три Копи. На третото место се Уругваецот Северино Варела и Перуанецот Лоло Фернандез со по 15 голови, а потоа следат Уругваецот Роберто Порта и Анхел Романо со по 12 погодоци.

Од активните играчи најмногу голови постигнале Перуанецот Паоло Гуереро и Чилеанецот Едуардо Варгас по 11 голови.

Најмногу голови на едно првенство постигнале Бразилецо Жаир во 1949-та, Аргентинецот Умберто Маскио и Уругваецот Хавиер Амброис кои во 1957-та постигнале по 9 голови.

Аргентинецот Лионел Меси е рекордер со 11 асистенции на четири Копи.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИТЕ:

17 – Зизињо (Бра), Норберто Доротео Мендез (Арг)

15 – Северино Варела (Уру), Лоло Фернандез (Перу)

13 – Адемир (Бра), Габриел Батистута (Арг), Жаир (Бра), Жозе Мануел Морено (Арг), Хектор Скароне (Уру)

12 – Роберто Порта (Уру), Ангел Романо (Уру) …