Дуелот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид предизвикал 41 смрт

Анализата на податоците на британската Национална здравствена служба (NHS) открила дека реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, којашто со одигра во март на стадионот „Енфилд“ довела до 41 дополнителна смрт поради коронавирусот, објави весникот The Sunday Times.

Кобниот натпревар беше одигран на 11-ти март во Ливерпул пред 52.000 гледачи, од кои 3.000 навивачи на шпанскиот клуб.

Шпанија во тој момент имаше околу шест пати повеќе заразени отколку Велика Британија, иако има помалку население. Во време на ливерпулскиот меч, во Шпанија многу компании, училишта и ресторани веќе беа затворени поради епидемијата од коронавирусот.

Се смета дека доаѓањето на околу 3.000 навивачи на мадридски Атлетико во Велика Британија го предизвикало ширење на заразата во Ливерпул и околината. Англичаните истакнуваат дека е невозможно со 100-процентна сигурнот да се утврди точниот број на оние кои се заразиле таа вечер на „Енфилд“ и потоа заразата ја пренеле на членовите на нивните семејства и на пријателите, но истакнуваат дека натпреварот не требало да се одигра.

Претходно во април и градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинез-Алмеида призна дека било „грешка“ што бил одигран натпреварот.

„Немаше смисла 3.000 навивачи на Атлетико да може да патуваат во Ливерпул. Тоа беше грешка. Гледајќи наназад, секако, но мислам дека дури и во тоа време беше потребно повеќе претпазливост“, изјави неодамна градоначалникот на Мадрид.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) остро беше критикуван поради одлуката мечот да не биде откажан или барем да се одигра пред празни трибини, бидејчи истата вечер дуелот меѓу ПСЖ и Борусија Дормунд во Париз беше игран без гледачи.

Во NHS и организацијата Edge Health во својата анализа на здравствените податоци дошле до заклучокот дека кобен бил и фестивалот во Челтнам во втората седмица од март на кој се собрале околу 250.000 луѓе. Според извештајот на Edge Health, фестивалот „довел до 37 дополнмителни смртни исходи поврзани со короанвирусот“.