Дуелот на Брентфорд – Манчестер Јунајтед ќе се одложи поради Ковид 19?

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед е во преговори со Премиерлигата околу тоа колку е возможно да се одигра мечот кај Брентфорд во рамките на 17 коло од најсилниот фудбалски шампионат на Островот.

Поради неколкуте заразени со Ковид-19 во редовите на „Црвените ѓаволи“, а засега во однос на имињата се сведува само на шпекулации, па јавноста остана покуса да дознае информација повеќе за тоа кој е заразен, а кој е во можност за настап.

Како и да е, „Атлетик“ сепак извести дека станува збор за мал број на фудбалери, а останува отворено прашањето за каква мала бројка се работи, но и дел од стручниот штаб кои имале позитивен исход на тестирањето, а клубот преку соопштение за јавноста објави дека е затворен тренинг центарот во следните 24 часа за да се намали проширувањето на заразата.

Сојот „Омикрон“ предизвика големи проблеми на Островот, а со слични на оние со кои се соочува Манчестер јунајтед, се соочи и Лестер, а како за потсетување, сето тоа започна со хаосот во Тотнем кој придонесе за одложување на мечот со Брајтон изминатиов викенд.