Дугари: На Реал му треба Погба

Поранешниот француски напаѓач Кристоф Дугари смета дека на Реал Мадрид му е потребен Пол Погба за да го реши проблемот со средниот ред.

Францускиот халф на Манчестер Јунајтед во неколку наврати се поврзуваше со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но досега ова беше шпекулација, без вистински развој на ова прашање.

Не е чудно работите да се менуваат ова лето.

– Изгледа дека екипата на Реал Мадрид веќе старее. Тие имаат проблем во средниот ред, а Погба може да ги реши. Тој е играч кој постигнува голови, според мене тој е делот кој недостасува во сложувалката на Реал Мадрид. Оваа година беше доста незгодно за него поради повредите и неговата екипа не играше добро, но кога и да имаше шанса да игра, тој брзо ја враќаше својата најдобра форма. Го познавам Зизу и знам дека му се допаѓа Погба. Нема причина да се чека повеќе со неговото привлекување, смета Дугари.