ДУИ бара оставка од Таравари за 16-тиот пораз по ред

ДУИ во денешната реакција побара од Арбен Таравари да си даде оставка како политичар откако во вчерашната изјава генералниот секретар на Алијанса за Албанците рече дека „СДСМ се срами што ќе треба да прави Влада со Интегративците, кои пак се срамат дека ги излажале своите гласачи за прв премиер Албанец“.

„Албанците не заслужуваат такво огорчено и недоследно спротивставување кое наметнува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дадете си оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не ги потценувајте Албанците.

Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова негодувачко однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Оставка и ослободување на опозициската сцена која многу години ја окупираш заради лични интереси.

Албанците беа решени за ДУИ и ние имаме обврска да се грижиме за опозициските гласачи затоа што тие не гласаа за вас да останете на шалтерите за прием во ходниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, туку да го застапувате албанскиот интерес“, гласи реакцијата на ДУИ.