ДУИ бара предвремени парламентарни избори

Парламентарната група на ДУИ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и за организирање на предвремни парламентарни избори, изјави вечерва Абдулаким Адеми, генерален секретар на паријата.

„ДУИ реши да не учествува на претседателските избори со свој кандидат, ги повика Албанците да не поддржат нити еден кандидат и со тоа да дадат лажен легитимитет на идниот претседател. ДУИ истовреме ќе води активна кампања за промоција на концептот за консензуален претседател до негова целосна реализација.Парламентарната група на ДУИ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и за организирање на предвремени парламентарни избори,“ изјави Абдулаким Адеми, генерален секретар на партијата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.