ДУИ ќе се консултитра со странски експерти и нема безусловно да го поддржи СДСМ во барањето за автентично толкување на помилувањата

152

Нема бланко поддршка од ДУИ за иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Коалиционите партнери засега се без усогласен став по одлуката Уставен да преиспитува дали поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов имал или немал право да ја повлече аболицијата за тогаш осомничените, сега обвинетите во случаите на СЈО.

Коалициските партнери досега немаат усогласен став за одуката на Уставен суд да се преиспита дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов имал или немал право да повлече помилување за тогашните осомничени, сега обвинети за случаи на СЈО.

„Во моментов правиме консултации со домашни и меѓународни правни експерти со цел правно разјаснување на оваа состојба“, истакнале за Алсат од ДУИ.

Опозициската ВМРО–ДПМНЕ во одлуката на Уставниот суд препознава политика, иако најголем дел од амнестираните во 2016 година се поранешни високи функционери на тогашната власт и партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести“, реле портпаролот Наум Стоилковски.

Владејчката СДСМ преку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побара поддршка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување од ВМРО – ДПМНЕ.

„Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок  за ништо“, рече Оливер Спасовски.

Од СДСМ во петокот поденсоа барање до Собраните за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Ова следува откако Уставниот суд рече дека  треба да ја оценат уставноста на членот 11 – а од законот за помилување. Со овој член, поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја повлече амнестијата за 56 лица во 2016 година.

Сега пред Уставниот суд стојат две можности, да го укине членот и во иднина, Претседателот на државата да не може да повлекува помилување или да го поништи што би значело, враќање во сила на амнестијата на Иванов и слобода за сите обвинети во случаите на Специјалното јавно обвинителство.

Зоран Стојановски, адвокатот кој стои зад повеќе иницијативи и до Уставниот суд,  меѓу која и да се преиспита повлекување на спорните аболици од Иванов, во телефонски разговор за ТВ24 во саботата рече дека не ги спасувал поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и осомничени од СЈО.

„Апсолутно не. Од која позиција јас би ги спасил. Ако го проверите деловникот за работа на Уставен суд, може да проверите дека Уставен суд се смета дека по службена должност ја води постапката“, рече Стојановси на прашањето дали има политички мотиви зад неговата иницијатива.

Не сакаше да коментира зошто по три години откако ја поднел иницијавата уставните судии дури сега решиле да ја стават на дневен ред, но рече оти не е првпат уставните судии со години да не постапуваат по некоја инцијатива и притоа порача дека очекува да биде усвоена.

„Мојот став во врска со иницијативата за Законот за помилување и Законот за одликување и признанија е дека задолжително треба да бидат поништени и едниот и другиот закон, а дали тоа ќе предизвика дневно-политички потреси, тоа не е работа на уставно-судската пракса, затоа што потоа одговорноста паѓа на законодавецот, а не на Уставниот суд“, рече Стојановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.