
Според него, на денешен ден, пред 21 година, „НАТО влезе на Косово од Македонија и донесе мир и слобода за нашите браќа и сестри“.
„Тогаш, нашите сонародници и многу други ги жртвуваа своите животи за нивните права и животи. Денес, времињата се променија, веќе нема војна и сите живееме во слобода, еднаквост во многу полиња и имаме можности пред нас. Но сѐ уште имаме потреба да се бориме за нашите права, за целосна еднаквост и можности. Овој пат, тоа го правиме преку демократски избори, преку нашиот глас. Но едно нешто е слично, а тоа е дека никој не веруваше во почетокот дека Албанците ќе победат. Тоа го докажавме тогаш и ќе го докажеме сега, кога сме обединети, можеме да постигнеме сѐ“, рече Меџити.
Тој вели дека албанскиот глас во земјава секогаш бил пресуден и Албанците во 2016 година ја донеле промената и го избрале Зоран Заев за премиер иако граѓаните на тие избори гласаа и одлучиле различно, а тој бил втор на тие избори.
„Овој пат, албанскиот глас исто така ќе биде пресуден. Но овој пат, ние Албанците, сите заедно, по изборите, ќе поддржиме наш кандидат за прв Албанец премиер на земјата.
Ова е чекор кон целосна еднаквост, ова е следното ниво на демократија во Северна Македонија. Моќта не им припаѓа веке екслузивно само на двете македонски партии во црно бел свет. Граѓаните одлучуваат и овој пат, за прв пат граѓаните имаат трета опција, троен натпревар. И за трета опција нема да гласаат само Албанци, туку сите заедници ќе гласаат за нашиот кандидат за премиер затоа ги каниме и сите Македонци, и сите други заедници кои што се разочарани од страна на црно белиот свет на двете македонски политички партии да гласаат за премиер кој што не е од СДСМ или ВМРО, туку премиер на сите и за сите“, додаде Меџити.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.