ДУИ ги смени сите претседатели на ограноци, но нема да го менува лидерот Ахмети на утрешниот конгрес

По изборот на нови нови претседатели на скоро сите наши ограноци и подограноци, како и целосно нов избор на форумите на жените и на младите, ДУИ утре попладне ќе го организира својот четврт изборен партиски конгрес во Спортско-рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, информираат од Мала Речица.

„Убедени сме дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење на оддржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја“, соопштија од албанската владејачка партија предводена од Али Ахмети.

На утрешниот Конгрес, интегративците треба да му доверат уште еден мандат на долгогодишниот лидер Ахмети, ќе се избере нов Генерален одбор на партијата, а ќе се донесе и нов статут, платформа и резолуции.