ДУИ го претстави првиот завет – Референдум во нашите општини

Сите градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. Ова е првиот завет за локалните избори кој денеска го претстави Агим Нухиу од Демократската унија за интеграција, како еден од петте столба на изборната програма, вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки.

„Како партија на дадениот збор и направено дело, ДУИ се согласи со сите кандидати за градоначалник да се придржуваме до петте заклетви: зелената агенда, дигиталната агенда, агендата на вклучување на граѓаните, агенда на отворена врата и агендата нула толеранција.

Дневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека главните одлуки нема да бидат донесени од тесниот круг на раководење во општината непосредното раководство на општината, туку од вас, од граѓаните.

Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. Граѓаните ќе зборуваат сами и заедно ќе одлучиме. Гласот на граѓаните ќе се зајакне уште повеќе. Вие граѓаните ефективно ќе учествувате во јавната политика и одлучувањето во нашите општини. За да се постигне ова, ДУИ во овој нов мандат ја подаде раката и го направи партнер граѓанскиот сектор. Бројни личности од граѓанското општество се дел од листите на советници за локалните избори на 17 октомври. ДУИ пред неколку недели објави јавен конкурс за советници во општина Гостивар, каде интересот на граѓаните беше исклучително голем, со што се направи најдобриот избор за граѓаните на Гостивар.

Повеќето кандидати од граѓанското општество веќе се дел од листата на советници. Во сите ограноци, ДУИ вклучи претставници од граѓанското општество во листите за општински советници, со единствена цел придонесот да биде што е можно поголем преку заедничкото одлучување, за еден нов стандард на локално ниво“, изјави Нухиу.