ДУИ и Алијанса на Албанците планираат да ги ќе ги искористат во изборна кампања луѓето што ќе бидат ослободени со Законот за амнестија

Доколку Закон за амнестија не се носи со европско знаменце, тогаш ние ќе бидеме присутни и ќе го блокираме законот со долги дискусии, со многубројни амандмани“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија.

„Зошто сметаме дека овој закон не треба да се донесе? Затоа што се работи за еден закон кој што го руши начелото на правда и ги наградува оние кои што биле санкционирани од правосудниот систем и мислиме дека тоа наградување е селективно направено во комуникација помеѓу двете партии, би рекол, Алијанса на Албанците и ДУИ. Кои што од политички опоненти станаа сега политички сојузници. И сметаме дека амнестирањето на нарко дилери, на луѓе кои што извршувале насилство, разбојништво или некои биле помагатели како на случајот кај Смилковското езеро при убиството на петте недолжни граѓани навистина не треба да биде дел од законскиот систем на Македонија. И за тоа сметаме дека треба да се попречи“, заклучи Милошоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го има како сознание е тоа што ДУИ и Алијанса на Албанците знаат точно кој ќе биде ослободен и тие луѓе планираат да ги искористат во изборната кампања за време на парламентарните и претседателски избори следната година.

Милошоски посочи дека смета дека законот за амнестија нема за цел хумана мисија на условно кажано ресоцијализација или растоварување на затворските установи туку дека има политичка мисија каде што политичката елита на Алијанса на Албанците и ДУИ се договара со подземјето во Република Македонија за да си завршат едни на други услуга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.