ДУИ има и за што да жали: 6 министерства, 106 директори, 306 тендери годишно…

По 18 години во владина коалиција, ДУИ заминува во опозиција.

По вчерашниот договор кој го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ, АА, Алтернатива, БЕСА и Левица, партиите обезбедија мнозинство во Собранието. Тоа е доволно за гласање на недоверба и смена на власта.

Овој студен туш самоуверениот Али Ахмети го поднесе поприлично на нозе. Најави дека нема да делува со емоции и во еуфорија, но дека е во постојана комуникација со партнерите.

Но, реално, ДУИ има многу за што да жали.

Во Владата на СДСМ, ДУИ има 6 министерски и 106 директорски места. Сопартијците на Ахмети имаат 206 места во управни одбори и комисии, 306 тендери годишно, 1006 вработувања на договор на дело, пишува Република.

Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми… кој повеќе, кој помалку се 18 години во власта и многумина ги сметаат за власт во сенка.