ДУИ: Како што Груевски не успеа, ни Заев ни Мицкоски нема да успеат да не спречат Албанец да биде премиер на Македонија

СДСМ и ВМРО може да имаат многу разлики, но кога станува збор за неприфаќање на Албанската заедница во врвот на власта, тие се исти. Но ако ние Албанците се обединиме за премиер Албанец никој од нив не може да не спречи, велат од ДУИ.

– Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи” изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Зоран Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за премиер Албанец, истакнувајќи „Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада”. Но овој не е единствениот пример кога СДСМ и ВМРО ја покажуваат нивната истомисленост на власта резервирана екслузивно за македонските партии. Груевски официјално целеше на 61 пратеник нс изборите 2016 година за да го отстрани влијанието на Албанците во политичките одлуки.  Заев истото го потврди во март 2020 година – велат од ДУИ.

Од партијата порачуваат дека исто како што Груевски не успеал во тоа време, Заев и Мицкоски исто така нема да успеат во елиминацијата на клучното влијание на Албанците во политиката во Македонија.

– На овие избори ние целиме кон првиот премиер Албанец и ако Албанците се обединат зад оваа кауза, ние тоа ќе го оствариме. Со еден силен и унифициран албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец, бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците. После три децении на двоецот на македонската власт, време е за една нова епоха во политиката, каде Албанците ќе го заземат нивниот еднаков дел од власта и  ќе имаме први премиер Албанец во Македонија – велат од ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.