ДУИ контра СДСМ, не даваат амин за поништување на лустрацијата

Иако предлог законот за поништување на лустрацијата во Собранието пристигна како предлог на Владата, во која заедно учествуваат СДСМ и ДУИ, сепак интегративците не даваат поддршка на законското решение.

Пратениците на ДУИ велат дека засега нема да дадат поддршка за поништување на процесот на лустрација. Нивниот услов е претходно да се рехабилитираат „политичките затвореници“ за што ќе биде неопходна широка јавна дебата.

„ДУИ е за лустрација бидејќи сме го гласале законот за лустрација, но сакаме за ова да има поширока дебата. Исто така сакаме да се отвори и прашањето за поранешните политички затвореници и паралелно да се реши прашањето за поранешните политички затвореници од комунистичкиот систем“, изјaви пратеникот од ДУИ, Реџаил Исмаили денеска откако вчера пратениците на ДУИ не присуствуваат на седницата на Комисија за политички систем на која требаше да се расправа за предог законот.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорче денеска во Собранието побара точка воопшто да не се најде на дневен ред бидејќи како што вели законот „ваков како што е предложен катастрофалниот и мизерен закон на СДСМ ќе ги награди оние кои ги прогонувале, убивале, кодошеле“.

„Од тие причини предлагам во име на историската правда, точката за поништување на правни акти, дејствија да се повлече“ вели Ѓорчев.

По ваквите ставови во Собранието, во кое единствено СДСМ се залага за изгласување на предложеното законско решение станува извесно дека овој предлог засега нема да помине успешно.

Инаку, ова е веќе трета точка околу која што се судруваат коалиционите партнерит СДСМ и ДУИ. Партиите на Заев и Ахмети претходно се најдоа на различни страни и околу измена на Изборниот законик. СДСМ ги поддржа предложените измени за воведување на една изборна единица, додека ДУИ поднесе над 5.000 амандмани и ја блокираше собраниската процедура. Дали и како треба да се спроведат препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазици исто така предизвика тензии меѓу владините партнери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.