
ДУИ не се плаши од тоа дека предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА ќе го намали нивниот број на пратеници, рече партискиот портпарол Бујар Османи на денешната прес-конференција.
Сепак, тој не ја исклучи можноста од постизборна коалиција со овие две партии, а потенцираше и дека ДУИ во моментов е сконцентрирана на кампањата и на освојувањето на гласовите, додека, пак, политичките калкулации ќе се прават по објавувањето на резултатите.
„Сега сме фокусирани на тоа да им презентираме на граѓаните што нудиме, а не на коалиции. Ние сме партија која има најмногу остварено од својата програма. Очекуваме најголема победа досега“. рече Османи.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.