ДУИ: Села и Гаши манипулираат со чувствата на Албанците, прво побараа пролонгирање на пописот, а сега наводно се спротивствуваат

Предлоготза пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага процесот на попис и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата наша дијаспора, информира ДУИ.

– Имајќи го предвид бојкотот на опозицијата, нивното оспорување на процесот на попис, блокадата на Собранието, почнувањето на вакцинацијатана населението, како и јавното здравје, пролонгирањето на пописот за резидентните жители на Република Северна Македонија од месец април до месец септември оваа година претставува правилна и правична одлука – смета ДУИ.

Според партијата контрадикторните се реакциите на опозициските партии на Албанците и зборуваат за нивнатата недоследност и искреност кон граѓаните.

– Алијанса за Албанците и Алтернатива манипулираат со чувствата на Албанците од Македонија и нашата дијаспора за профитирање на дневни политички поени. Преку неколку амандмани предложени од пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, се бараше пописот да се пролонгира
за одреден период, бездруго на тој амандман пишува од месец март до месец мај, поврзувајќи го истото со здравствената криза предизвикана од ковид-19. Откако вчера беше најавено пролонгирање на пописот на населението, денес нивните претседатели, Зиадин Села и Африм Гаши се спротивставуваат на нивните амандмани и предупредуваат на блокирање на целиот процес. Ова е само еден доказ повеќе дека тие се будат наутро со една идеја додека го завршуваат денот со крајно спротивни ставови – велат од ДУИ.

Од ДУИ истакнуваат дека поддржуваат процесот на регистрација да се одржи од 5
до 30 септември и ја повикуваат дијаспората да продолжи да се регистрира на онлајн платформата https://census.stat.gov.mk/ од 1 март до 30 септември,. Од партијата ги уверуваат сите граѓани дека секој досега регистриран и секој што ќе биде регистриран до 30 септември ќе се брои.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.