ДУИ стравува од пописот, зашто Албаците може да бидат под 20 отсто

Владејачката албанска партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) стравува од спроведувањето на пописот на населението во Македонија, бидејќи можно е Албанците на него да бидат под 20 отсто, што значи дека лошите политики на оваа партија ја натерале оваа популација да се исели од земјата, смета челникот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

Во текот на гостувањето во емисијата „10 минути“ на телевизијата ТВ21, Тачи, меѓу другото, рече дека споменатото стравување во ДУИ постои но за него говорат само по кулоари.

Сте завележале дека кај ДУИ постои еден страв,  за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20 отсто. Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001 година, 19 или 18 години на политичкото и владејачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20 проценти, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент, рече Тачи.