ДУИ: ВМРО и Мицкоски ги поттикнуваат изјавите за војна против Албанците

И втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николовски во кои повикува на војна среде собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани.

Николовски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во кој што демонстрира закани кон Албанците.

Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со Албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики.

Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.