Дукоски: Излегува дека нарко картелот од Кали пере помалку пари од Боки

Адвокатот на Бојан Јовановски го запраша судот уште уште колку кривични пријави за перење пари треба да бидат поднесени.

„Веројатно нарко картелот од Кали пере помалку пари од Боки“, иронично запраша Дукоски.

Во врска со кривичната пријава од бизнисменот Силјан Мицевски, Дукоски вели дека нему не можете да му земете 200 денари а не пак 700.000 евра.

„Доволно е само да се следат неговите изјави по влегувањето на финансиска контрола во неговите фирми“, додаде Дукоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.