Дукоски се жали дека на една поротничка во „Рекет” ѝ е истечен мандатот

Адвокатот Сашо Дукоски денеска побара судот да назначи нов поротник бидејќи според него на поротничката Вања Николаки Штерјова мандатот ѝ истекол во 2019 година. Со поротник со истечен мандат судот не може да заседава.

„Судечкиот совет на овој начин е непрописно составен и е незаконск“, истакна Дукоски.

Судиката Масевска прво даде пауза за да одлучи дали рочиштето ќе продолжи, а по паузата судијката го отфрли баррањето, бидејќи поротничката добила нов мандат. Судењето продолжи.