Дуковски: Јовески не ја зборува вистината, Јовановски бараше средба со него

Бранителот на Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски во соопштение до медиумите, ги отфрли како ноторна невистина исказите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека Бојан Јовановски не барал средба со него за да сподели доверливи информации.

Јовески за Алсат-М рече дека Јовановски досега му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.

„Ноторна невистина е искажана од страна на јавниот обвинител на РС Македонија дека таква средба не била побарана. Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа. А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството“, се вели во соопштението од Дуковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.