Дураку: Имаме економска, здравствена и енергетска криза, утре е денот кога ќе се одлучи дали ќе продолжи таквото владеење

82

Имаме интерпелација за влада, демократски чин, знаејќи дека имаме премиер во оставка кој сам ја најави и кога сите ја очекуваа да ја депонира, тој се премисли. Се работи за политичар кој не е прв пат да ги менува ставовите и да се пишмани што кажал. Тој многу работи кажал во минатото за кои се предомислил, вели за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, Шефик Дураку од Алијанса за Албанците.

Истакна дека ситуацијата во државата е драматична, има економска, здравствена криза, има и енергетска криза, а има и политичка криза како последица на политичката одлука на Заев кој најави оставка.

„Утре е денот кога ќе се одлучува дали ќе се продолжи со вакво владеење или ќе има промена на власта. Заев пред три дена имаше состанок со коалиционите партнери, денеска пак имаше, тоа е доказ дека се во паника. Ова што се случува е обид за спас на политичката кариера на Заев“, нагласи Дураку.

Според него, наместо на „Бихаќка“ да даде отчет за поразот, тие го дочекаа со аплауз, како херој само затоа што се предомислил да не даде оставка.

Посочи дека државата тоне, тоа се покажува во лошото справување со пандемијата, но и по тоа што тонеме по корупција, како и тоа што ДЕА спроведува акции за дрога, а МВР е исклучена од тие акции.

„Опозицијата презема одговорност да се спаси тоа што може да се спаси, бидејќи ние тонеме секој ден. По корупција во 2016 бевме на 66 место, а во 2021 на 111 место. Тоа е показател во кој правец се движи оваа власт. Имаме акција на ДЕА која во главниот град се фаќа еден тон дрога а институциите немаат појма за таа работа, а тоа е така затоа што или не им веруваат, или се вмешани, а трето е што не знаат што им се случува во државата. Кога Америка ти прави акција во државата, а ти не знаеш, значи дека не си способен“, потенцираше Дураку.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.