Дураку му порача на Заев: Никој не може да се меша во ДУИ

Сеуште е неизвесно кои функционери ќе ги опфати најавената „метла” на премиерот Зоран Заев.

Во врска со гласините за разрешувањето на министерот за екологија Садула Дураку, тој за ТВ21 рече дека за тоа одлучува само Али Ахмети.

„Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ, и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии “, рече Садула Дураку, министер и потпретседател на ДУИ, преку телефонска врска за Тв21.