Дурант би можел да остане во Бруклин Нетс

Tрансфер сагата околу Кевин Дурант продолжува, а исходот би можел да биде и останување во Бруклин Нетс.

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата побара трејд, клубот сакаше да му излезе во пресрет и работеше на зделка со заинтересираните страни, ама не може да се изнајде решение.

Најмногу се споменуваше Бостон Селтикс и можен трејд со Џејлен Браун, што сега се чини далечно.

Поради недостатокот на поволни опции, американските медиуми пренесоа дека Дурант побарал нов состанок со управата на Бруклин. На него се очекува ѕвездата да разговара за потенцијално останување во Њујорк, доколку добие гаранции за одредени промени во франшизата.