Дурант ги водеше Вориорс до победата над Никс

Њујорк Никс изминатата ноќ беа поразена на домашниот паркет од актуелниот шампиони во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс со 100:128, иако конечниот резултат не го одразува и вистинскиот тек на натпреварот.

По првите две четвртини кои завршија израмнето (25:25 и 53:53) и третата во којато мала предност од 84:81 имаа домашните Никс, последната четвртина донесе пресврт и на крајот убедлива победа за Вориорс, иако целиот меч не остави таков впечаток. Благодарејќи на 25-те кошеви на Кевин Дурант во последната четвртина и серијата од 42:9 на крајот од мечот, Вориорс ја впишаа и петтата победа од почетокот на сезоната.

Тим Хардавеј помладиот беше најдобар кај Никс со 24 кошеви. Дурант ги предводеше прваците со 41 поен, од кои 25 во последната четвртиона, додека Стеф Кари додад 29 поени, а Дрејмонд Грин 18 кошеви со 4 скокови, 6 асистенции и 3 украдени топки.

Натпреварот го одбележа необичниот инцидент на Демаркус Кузинс, кој минатата година ја повреди Ахиловтата тетива, уште не заигра за Вариорс но во петокот беше исклучен поради неговото однесување на клупата. Кузинс мечот го следеше од клупата и не беше во спортска опрема, а судијата Скот Фостер го исклучи во првата четвртина „поради неспортско однесување“. Во текот на загревањето, Кузинс, познат инаку како едно од „лошите момчиња“ во НБА, го провоцираше турскиот кошаркар на Никс, Енес Кантер, по што двајцата меѓусебно започнаа да се навредуваат. Инцидентот му беше пријавен на главниот судија кој ги предупреди дека нема да толерира навред во текот на натпреварот.

Најдобрата екипа од изминатата сезона Хјустон Рокетс не може да постигнува успеси без својот најдобар играч Џејмс Харден кој е повреден. Тие го запишаа и четвртиот пораз од почетокот на новата сезона, од кои три на домашен терен, а синоќа од нив беа подобнри со 133:113 Лос Анџелес Клиперс.

Најдобар кај Рокетс беше Кармело Ентони, кој првпат по доаѓањето во Тексас заигра во почетната петорка, со 24 кошеви. Клиперс беа предводена од Монтресч Харекл со 30 и Лу Вилијамс со 23 поени.

Моментално водечката екипа во Источната конференција, Торонто Рапторс, ја постигнаа шестата последователна победа. Тие синоќа ги совладатаа Далас Мавериск со 116:107, предводени од Кејви Леонард со 21 поен, додека Кајл Лоури додад 21 кош/

Второпалсираната екипа на Истокот, Милвоки Бакс, исто така не го почуствува поразот од почетокот на сеозната. Тие ја постигнаа петтата победа со 125:95 во Минесота.

Њу Орлеанс Пеликанс со 117:115 беа подобри под Бруклин Нетс, во прв ред благодарејќи на Џру Холидеј кој мечот го заврши со 26 поени, од кои пет постигна во решавачките последни 22 секунди од дуелот.

Шарлот Хорнетс носени од Кемб Вокер со 30 поени дома ги совладаа Чикаго Билс со 135:106, а Сакраменто Кингс беше подобар до 116:112 од Вашингтон Визардс.