Дурант го стигна Мајкл Џордан

Кошаркарот на Оклахома, Кевин Дурант го израмни рекордот на Мајкл Џордан, старт 17 години, откако на 40 натпревари во низа постигна повеќе од 25 повеќе поени, додека Атланта на нашиот Перо Антиќ забележа значајна победа против Кливленд 117:98 во трката за место во плејофот. Шампионот Мајами и Индијана со порази ја продолжија борбата за првото место на Истокот.

За 18 минути Антиќ запиша шест поени, пет скока и една асистенција, додека најефиксен беше Мајк Скот со 26 поени, а Џеф Тиг запиша 20 поени.

Кевин Дурант на пресметката на Оклахома против Хјустон постигна 28 поени со што го израмни рекордот на Мајкл Џордан. Неговиот тим загуби од Хјустон со 111:107. Мајами по продолжението загуби од Минесота со 122:121, а Индијана нов пораз доживеа во Торонто од 102:94.

Резуктати: Мемфис – Денвер 100:92, Шарлот – Орландо 91:80, Торонто – Индијана 102:94, Атланта – Кливленд 117:98, Бостон – Филаделфија 102: 111, Бруклин – Детроит 116:104, Мајами – Минесота 121:122(пр), Њујорк Никс – Вашингтон 89:90, Чикаго – Милвоки 102:90, Јута – Њу Орлеанс 100:96, Хјустон – Оклахома 111:107, Портланд – Феникс 93:109, Голден Стејт – Сакраменто 102:69, ЛА Лејкерс – Далас 95:107

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.