Дурент го заработи најлесниот милион во кариерта

Кевин Дурент не одигра ниту еден натпревар сезонава во дресот на Бруклин Нетс, но затоа ќе заработи одлична годишна плата, па и бонуси кои се дел од неговиот договор.

Еден од нив му го донесе веројатно најлесниот милион долари во НБА кариерата, а Дурент го доби откако Нетс обезбедија пласман во плејофот.

Дурент ја пропушти цела сезона поради рехабилитација и желбата да биде максимално подготвен за следната, но тоа нема да биде пречка да го добие бонусот за пласман во плејофот во износ од 1 милион долари.

Големата ѕвезда на Нетс не е присутна ниту на завршницата во Орландо, исто како и неколку други важни играчи како Ирвинг, Динвиди и Џордан кои не се дел од ростерот на Бруклин.

Следната сезона Дурент ќе заработи 40,1 милиони долари само од платата од својот клуб.