На стадионот „Етихат“ во Манчестер беа постигнати осум гола, на натпревар исполнет со многу пресврти што го доби Манчестер Сити со победа над Монако со 5:3.
Серијата на голови ја отвори Рахим Стерлинг во 25. минута за водство на Манчестер Сити. Во продолжеието на првиот дел гостите направија пресврт, преку Радамел Фалкако (32. минута) и Килијан Мбапе (40), па на паузата заминаа со предност од 2:1.
Во вториот дел, Фалкао во 50-минута не усепеа да реализира пенал, а неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Кабаљеро. Затоа следуваше казна, преку Кун Агуеро. кој во 58. минута го израмни резултатот на 2:2. Само три минути подоцна (61) Фалкако се извади за промашениот пенал, па по брзиот контранапад по втор пат ја затресе мрежата на Кабаљеро, за водство на Монако 2:3.
На вториот гол на Колумбиецот, возврати Аргенинецот, Агуеро кој во 71. минута израмни на 3:3. Тоа им даде дополнителен мотив на домашните фудбалери, кои преку Џон Стоунс (77) и Лерој Сане (82) стигнаа и до победа од два гола разлика 5:3.
Во Леверкузен беа постигнати пет голови, а Атлетико славеше победа над Баер со 4:2. Головите за гостите од Мадрид ги постигнаа, Саул Нигуез (17. минута), Антоан Гризман (25), Кевин Гамемеиро од пенал (59) и Фернандо Торес (86).
За Баер стрелец беше Керим Белараби (48), додека гостинскиот играч Стефан Савиќ (68) си постигна автогол.
Вечерва своите први натпревари од осминафиналето ќе ги играат шпанската Севиља и англискиот шампион Лестер, односно Порто, кој ќе го пречека италијанскиот првак Јувентус.
Реванш натпреварите од овие четири двојки ќе се играат на 14 и 15 март.
Потсетување дека на првите четири натпревари од оваа рунда кои беа одиграни минатата сезмица беа постигнати овие резултати: Бенфика – Борусија Дортмунд 1:0, Париз Сен Жермен – Барселона 4:0, Баерн Минхен – Арсенал 5:1 и Реал Мадрид – Наполи 3:1.