8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Дури 20 возачи возеле под дејство на алкохол во Скопје, а 18 лица без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи, изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.