Дури 206 од заразените од коронавирус немале симптоми

Дури 206 случаи на заболени од коронавирус во земјава биле без симптоми, покажуваат статистиките на Институтот за јавно здравје.

Според нашите информации, тие се и најголеми преносители на оваа заразна болест, кои несвесно ја шират на околината.

Денешниот извештај на министерството за здравство покажува дека во земјава има 663 заболени од Ковид 19, а досега повеќе од 30 смртни случаи.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на Клиниката за инфективни болести се примени пет нови случаи со што вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 68.

Меѓу нив е и четиримесечно бебе, најмалиот пациент заразен од корона вирус.