Дури 80 отсто од Холанѓаните не сакаат Бугари и Романци

Осум од 10 Холанѓани сметаат дека границите на Холандија следната година треба да останат затворени за државјани на Бугарија и Романија, според истражувањето на Maurice de Hond за Социјалистичката партија, пренесуваат локалните медиуми.

Во истражувањето учествувале 1.800 лица, според кое 91 отсто од поддржувачите на владејачката Народна партија за слобода и демократија, 82 отсто од симпатизерите на Социјалистичката партија и 100 отсто од луѓето кои гласале за антиимиграционната партија, сакаат границите на Холандија да останат затворени.

Дури 53 отсто од гласачите за проевропските либерални демократи сакаат ограничувањата да продолжат.

Социјалистите го повикаа министер за социјална политика на Холандија да преземе еднострани мерки, за да не дојде до укинување на визите за овие две земји.

Минатата недела Велика Британија исто така најави дополнителни мерки против романските и бугарските емигранти.