Дури 84 отсто од заразените во Хрватска се со делта сојот

Според резултатите од последното секвенционирање на примероците испратени на 20 јули, 13 проценти од примероците биле заразени со алфа варијанта, а 84 проценти со делта мутацијата, што значи дека уделот на новиот сој на коронавирус во Хрватска продолжува да расте, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференцијата на Главниот штаб истакна дека според последната мапа на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести), Хрватска е сè уште во водство – таа остана во портокаловата зона и бележи најнизок дневен раст на заразени.

Тој додаде дека има над милион туристи во Хрватска, што со себе носи зголемен ризик од пренесување на болеста, па затоа мора да има предупредувања да се придржуваат до мерките и вакцинациите, за да има безбеден туризам во земјата.