Дури и еден Американец во Ирак е премногу, порача иранскиот ајатолах Хамнеи

Соединетите држави се несигурен пријател и Ирак не би смеел да дозволи присутност на американски војници на својата почва, изјави во саботата иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во разговорот со ирачкиот претседател Абдула Латиф Рашид.

Шиитски Иран одржува силни врски со Ирак, во кој мнозинството население е шиитско, и се противи на секаква американска присутност во соседната, како и во земјите на Персискиот залив предупредувајќи дека воената интервенција на Западот предводен од САД е причина за несигурноста во регионот.

„Американците не се ирачки пријатели. Американците не се ничии пријатели, па не им се лојални дури ниту на своите пријатели во Европа“, го цитираа домашните медиуми Хамнеи.

Ајатолахот очигледно алудирал на неодамнешното протекување на тајните документи на американски Пентагон, кои упатуваат дека САД ги шпионираат своите сојузници, како Украина, израелската тајна служба Мосад, го продолжиле шпионирањето на германската влада….

„Присутноста, па дури и на еден Американец во Ирак е премногу“, му порачал Хамнеи на Рашид кој допатува во посета на Техеран со голема делегација со цел да се зацврстат односите меѓу двете земји.

„Ирак сака да ги продлабочи односите со Иран и да ги разреши некои преостанати прашања меѓу двете земји“, изјавил Рашид кој во изјавата не се осврнал на односите меѓу Ирак и САД,.

Ирак и Иран водеа крвава осумгодишна војна во 1980-те години, кога во Багдад на власт беше сунитскиот диктатор Садам Хусеин, но односите меѓу двете мнозински шиитски земји значително се подобрија по падот на режимот во кој доминираа сунитите. Ирак стана важен економски партнер на Иран на кој Западот ѝ наметна мноштво санкции. Иран во соседната земја испорачува гас и електрична енергија, како и стоки за широка потрошувачка. Покрај тоа, Иран со своите паравоени единици значително придонесе за победата над Исламската држава во 2017 година.

Американското присуство ја нарушува безбедноста во регионот

САД имаат во моментов околу 2.500 војници во Ирак, како што се тврди како советници и за помош на ирачката војска во борбата со сунитската џихадистичка организација Исламска држава која во 2014 година освоите голем делови од Ирак и соседна Сирија.

Имаат и приближно 900 војници во североисточна Сирија каде воспоставија бази на најголемите сириски нафтени полиња од каде го експлоатираат енергенсот. САД тврдат дека ги помагаат локалните Курди, против кои офанзива води Турција, во рамките на коалицијата која ја предводат во борба против остатоци од Исламската држава, но ги помагаат и сунитските бунтовници кои се борат против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кого го поддржува Иран.

Американската Петта флота е стационирана во Бахреин, а САД имаат бази и во другите блискоисточни и земји во Персискиот залив, близу својот стратешки непријател во регионот Иран.

„Присутноста на странските војници и странците во регионот не го сметаме за корисно. Присуството на Соединетите држави ја нарушува безбедноста на регионот“, изјавил иранскиот претседател Ебрахим Раиси на заедничката прес-конференција со ирачкиот колега.

„Нашите односи со Ирак се темелат на заедничките интереси…, а Американците мислат само на своите интереси, а не и на интересите на земјите во регионот“, додал Раиси.