Дурловски: Ќе ја промениме перцепцијата на светот за Македонија, ќе ја промовираме македонската посебност, култура, традиција, природни убавини (ВИДЕО)

Да поседувате непроценливо природно и културно богатство и истото да не го презентирате пред светот или уште повеќе, од него да не направите бренд, е отсуство на желба, идеа, визија, објави на својата Фејсбук страница, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 Игор Дурловски.

Ние ќе ја промениме перцепцијата на светот за Македонија. Ќе ја промовираме македонската посебност, култура, традиција, природни убавини.

Ќе воведеме сосема нов концепт на туристичка промоција на Македонија, развој не само на постоечките видови туризам, туку и на еко, велнес, спа, здравствениот, урбаниот, спортскиот, адреналинскиот туризам .

Ќе отвориме можности за вработување на младите во туристичко-угостителската дејност и ќе привлечеме бренд имиња во хотелиерството и трговијата.

Обновата ќе донесе субвенционирање и надвор од сезоната, како и на недоволно развиените туристички потенцијали. Ќе ги поддржиме и угостителските капацитети кои според одредени критериуми ќе добијат статус на зелени хотели.

Ќе воведеме нови ефтини авионски линии. Туризмот ќе биде новиот развоен економски ресурс на Република Македонија.

Време е светот да ја види македонската убавина, но време и ние самите да ја разоткриеме сопствената земја!