Дурловски: Ќе овозможиме младите да останат во државата

Игор Дурловски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 во денешното обраќање во Демир Хисар пред граѓаните најави поголема грижа за земјоделците, повеќе субвенции, подобри услови за младите за да не се иселуваат од земјата.

„Сите овие три години работите кои ни се случуваа, газењето на идентитет на македонецот се работи кои што не само што не направија да се чувствуваме исплашени, лошо, туку направија да голем дел од граѓаните чувствуваат дека не можат работите да ги земат во свои раце и дека не можат ништо да променат. Во последниот период гледаме дека тоа не е веќе така, туку гледаме дека на противникот му се ближи крајот, гледа дека на 15 јули ние ќе ги земеме работите во свои раце. Јас многу долго размислував дали да влезам во ова работа, но со самото тоа што гледам дека во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаме луѓе со интегритет, со чест, достоинство сум сигурен дека мојата одлука е исправна. Сигурен затоа што нас не ни останува ништо друго освен да ги засукаме ракавите и од 16 јули да работиме не само на обнова на Македонија, туку обнова на нашето македонско национално достоинство. Сте знаете дека ние сме македонци од Македонија, тоа право никој не може и не смее да ни го земе“, истакна Дурловски.

Тој во своето обраќање потсети дена пред три години се ветувало многу како ветување за правна држава, за модерен здравствен систем, за квалитетно образование, инфраструктура, на земјоделците се ветуваше многу, но денеска тие се празни ветувања.