Дурловски откри зошто не побара амнестија: Државата ми ја украде татковината

Во својот завршен збор, оперскиот пејач Игор Дурловски денеска го повика Судот за го осуди – доколку има доказ дека е виновенн по обвинението дека за време на протестите на „За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист.

Кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок. На 27 април  ја испеав химната на Република Македонија и заминав со синот да гледам ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видов на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, се вратив. Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме, рече тој.

„Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите. Доколку најдете доказ за било какво мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен“, изјави Дурловски.

Тој рече дека обвиненијата се обични лаги и невистини и дека тоа го навредува.

Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се прашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април. Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, прашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и сè уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и сè уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите“, рече Дурловски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.