Дурловски: Плажата кај Стење беше гордост, сега е руина која ја покажува неспособноста на оние кои ветуваа живот

29

Плажата во село Стење на Преспанското Езеро беше гордост на туристичките работници од овој регион и потврда за далеку прочуената преспанска гостопримливост, порача Игор Дурловски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5.

„За жал, овој прекрасен објект денес е руина која на дело ја докажува неспособноста на оние што ветуваа живот во Македонија. СДСМ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОДРЖУВА НИТУ ТОА ШТО Е ПРЕТХОДНО ИЗГРАДЕНО, А НЕ ДА ЗБОРУВА ДЕКА МОЖЕ И ПОВЕЌЕ.

Денес од Стење, сведочиме како една од најдобро уредените плажи на Преспанското езеро е претворена во апокалиптична сцена.

Време е на неспособните да им го покажеме местото. Преспа и Стење заслужуваат нови инвестиции, нови перспективи“-порача тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.