Дурловски: Со ниски даноци, финансиска поддршка и продуктивни работни места ќе овозможиме економски раст и повисок животен стандард

Конкурентните мали и средни претпријатија, се двигатели на економскиот раст во Македонија и во создавањето на продуктивни работни места. Оттука за подигнување на животниот стандард потребно е нивна системска поддршка, изјави во петокот Игор Дурловски, од кандидатската листа на коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе работиме на градење на национална инфраструктура за потребите на брзорастечките и мали и средни претпријатија, како столб на идниот економски развој на земјата. Со намалувањето на даноците, борбата против сивата економија која ги руши темелите на економскиот систем, ќе биде заедничка“, рече Дурловски.

Се обврза дека за младите до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, данокот ќе биде нула проценти.

Финансиска поддршка, додаде Дулровски,  ќе добијат невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање заради отворање на сопствени бизниси, како и финансиска поддршка за иновативни проекти.

„Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 10% преку креирање на нови, високо квалитетни и доброплатени работни места. Силно верувам дека таквите економски политики ќе овозможат остварување на нашите стратешки приоритети и цели, повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард“, рече носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во „петката“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.