Дурловски упати благодарност до вистинските пријатели – Јанез Јанша и Словенија

Оперскиот пејач и независен кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петата изборна единица, Игор Дурловски, јавно му се заблагодари на словенечкиот премиер Јанез Јанша за помошта што ја упати на Македонија.

„Благодарност до вистинските пријатели, оние кои во најтешките моменти безрезервно не поддржуваат.
Господинот Janez Janša и нашата пријателска Словенија со пратката хуманитарна помош а по барање на Христијан Мицкоски, кој со вакви потези станува премиер и пред официјално да биде“, напиша Дурловски на Фејсбук.