Дурловски: Заслепени од сјајот на моќта, не можат да видат дека овде врие!

Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и не затвараа , пробуваа да не избришат, и до ден денес уште не замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи не’, пишува во својот Фејсбук статус оперскиот пејач Игор Дурловски.

Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.
Не можат да го чујат крикот на БУДНИТЕ и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови.
Основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА за својот живот а јас верувам во неговата мудрост.
Бидејќи сум свесен дека нема да биде лесно, знам дека е потребно да се фокусираме, а се додека во нашата агенда работите се поставени по логичниот редослед, по вистинското значење, се додека ЛОЈАЛНОСТА КОН МАКЕДОНИЈА ни е на прво место, убеден сум дека ИМЕТО, СЛОБОДАТА на праведните и патриотите, ПРАВДАТА за обесправените, подобар ЖИВОТ за потиснатите и измачени граѓани, економската преродба и БОРБАТА за унапредување во секое поле се прашања за кои ќе се бориме и ќе се ИЗБОРИМЕ, напиша Игор Дурловски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.