Дутерте ќе пука во секој „што прави неволји“ во тек на карантинот

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе ѝ нареди на полицијата и војската да го убијат секој „кој прави неволји“ во тек на карантинот.

„На сите ова да ви биде предупредување – слушајте ја владата, сега најважно е во земјата да владее ред“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата емитувано на телевизија, пренесоа синоќа светските медиуми.

„Не е обидувајте да ги повредите здравствените работници, лекарите… затоа што тоа е сеиозно злосторство“, нагласи Дутерте и сериозно ги предупреди Филипинците: „Мојата наредба до полицијата и војската е ако некој прави неволји, а вашите животи се загрозени: пукајте во него“.

Во земјата пријавени се 2.311 случаи на зараза, а умреа речиси 100 луѓе, а, како што наведуваат медиумите, граѓаните се собираат и не ги почитуваат забраните за движење затоа што се гладни. Тие кои протестираат ширум Филипините велат дека протестираат затоа што немаат пари, работа,немаат што да јадат, а државата не им ги обезбедила основните намирници за да преживеат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.