Дуерте: Католичките епископи се бескорисни и треба да бидат убиени

Филипинскиот претседател Родриго Дуерте повторно упати напади и навреди кон католичките епископи во својата земја, велејќи дека тие треба да бидат убиени бидејќи нема никаква корист од нив.

Дутерте, кој често пати ја критикувал Католичката црква и нејзините лидери на Филипините, изјави дека иако верува во Господ, тој смета дека епископите се „глупаци“.

– Јас сум голем верник. Но нашите епископи треба да се убијат. Нема корист од нив, тие се глупаци. Се што знаат да прават е да критикуваат, истакна филипинскиот претседател.

Филипините се најголемата азиска држава со мнозинство католичко население.

Дуерте често ги напаѓа свештениците поради наводни тврдења за корупција и сексуални злоупотреби, на кои и самиот бил жртва како ученик.