Дутерте ќе поднесе оставка ако доволно жени ја потпишат петицијата против него

Филипинскиот претеседате Родриго Дутерте се брани од нападите откако бакна мажена Филипинка во Јужна Кореја и истакна дека ќе поднесе оставка доколку доволно жени ја потпишат петицијата со којашто го повикуваат да поднесе оставка.

Во текот на неговата посета на Јужна Кореја, претседателот Родриго Дутерте бакна во устата своја сонародничка Филипинка којашто рабоди таму, и рече дека со својот потег имал намера само да ја забавува публиката.

„Доколку има доволно жени… Всушност, доколку сите жени овде потпишат петиција да поднесам оставка, ќе поднесам оставка“, изјави Дутерте во вторникот по враќањето од Јужна Кореја.

Социјалните мрежи се вжештија по објавувањето на фотографиите и видеоснимките од Дутерте кој на бина бара од Филипинка да го бакне во устата за да ја добие неговата книга, и како таа се согласува.

Дутерте меѓу многу Филипинци го ужива статист на рок-ѕвезда, но со овој потег многу женски здруженија останаа шокирани и го опишаа овој потег како „перверзен чин“.