Два албума со необјавени снимки на Дејвид Боуви ќе бидат издадени во 2020-та

Британската дискографска куќа „Parlophone Records“ во 2020 година ќе издаде два албума со ретки и претходно необјавени композиции на починатиот култен британски музичар и пејач Дејвид Боуви, објавено е на веб-страницата на уметникот.

Албумот под наслов „Is It Any Wonder“ вклучува шест снимки. Меѓу нив е досега необјавената верзија на нумерата „The Man Who Sold The World“, емитувана на радиото BBC во 1997 година. Куќата „Parlophone Records“ ја објави песната на 8-ми јануари, во чест на 73-те години од раѓањето на Боуви. Другите снимки, според информациите од дискографската куќа, ќе бидат ретки тонски записи кои пејачот ги снимил во 1990-те години. Компанијата ќе ги претставува во дигитален формат на својата официјална веб-страница, по една седмично.

Студиото како датум на објавување на вториот албум под насловот „ChangesNowBowie“ го најавува 18-ти април 2020 година, односно на меѓународниот Ден на музичките продавници. Албумот ќе содржи девет композции, коишто Боуви ги снимил во текот на пробата за концертот во њујоршки „Медисон Сквер Гарден“ во 1996 година. На насловната страница на албумот ќе се најде портретот на Дејвид Боуви, направен од фотографот Алберт Вотсон во Њујорк истата година.

Весникот The Guardiаn го нарече објавувањето на албумите дел од профиталбилната „постхумна кариера“ на Боуви. Според компанијата за истражување на музичкиот пазар „Nielsen Music“, по смртта на Боуви продажбата на неговите албуми во САД повеќекратно се зголемила. Само во текот на една седмица, во која почина британскиот музичар, биле продадени 682.000 копии. Според податоците на интернет сервисот за стриминг аудио Spotify, истото се случило во рок од само неколку часа по објавувањето на веста за смртта на Боуви и со бројот на преслушувањата.

Според истражувањето спроведено од BBC, Дејвид Боуви е нарекуван „најголемиот естраден артист на XX век“ во Обединетото Кралство. Во 2004 година магазинот Rolling Stone го вброи на 39-то место во листата „100-те најголеми изведувачи на рок-музиката на сите времиња“ и на 23-то место на листата „100-те најголеми вокалисти на сите времиња“.

Последниот албум на Боуви „Blackstar“ беше објавен на 8-ми јануари 2016 година, датумот на неговиот роденден, а почина само два дена подоцна навлегувајќи во 70-та година од животот.