Два автобуси се судрија кај „ Три бисери “, има повредени

Приватен и автобус на ЈСП се судрија изутринава на булеварот „Јане Сандански“ наспроти трговскиот центар „ Три бисери “.

Учесници во сообраќајката се приватен автобус со број 23 и автобус на ЈСП со број 3, кои се движеле од Центар кој Аеродром.

Според првичните информации, повредени се десетина лица.

Министерството за внатрешни работи потврди дека кај нив во осум часот е пријавена сообраќајната несреќа која се случила на булеварот „Јане Сандански” наспроти ТЦ „ Три бисери “.

Повредените лица со возила на Итна помош се пренесени во некои од скопските клиники.