Два блока на РЕК Битола испаднаа од системот поради проблеми во трафостаница на МЕПСО

Од електроенергетскиот систем во 14:16 часот испаднаа Блок 1 и Блок 3 на  РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО, информира АД ЕСМ.

Преку таа трафостаница, се вели во соопштението од ЕСМ, РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.

-Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, порачуваат од ЕСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.